ВИДЕО: Го лажеше како мало дете, неверојатен дриблинг на Корона на „О Класико“

Екипата на Порто по вторпат оваа сезона славеше на големото дерби на португалскиот фудбал против Бенфика и ги задржа шансите за одбрана на титулата во Примеира.

Популарното „О Класико“ заврши со победа на „сино-белите“ од 3-2, а покрај петте гола, истото беше исполнето со уште неколку фудбалски атракции кои ги приредија фудбалерите на двете екипи. 

Убедливо најатрактивниот потег заврши зад името на ѕвездата на Порто, Хесус Корона, кој со серија на финти го лажеше Силва како мало дете, а на крај дриблингот го зачини со перфектен „тунел“. 

Со оваа победа Порто се доближи на четири гола разлика во однос на лидерот Бенфика.