Го избраа за менаџер на сезоната, па Пеп направи голем гест: Сакам да ја поделам наградата...

Шампионскиот поход на Манчестер Сити значеше дека и признанијата за најдобрите во Премиер лигата главно ќе одат кон „Етихад“. Така, откако Фил Фоден беше прогласен за играч на сезоната, како најдобар тренер е одбран Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стратег го доби големото признание од челниците на лигата, меѓутоа направи голем гест. Во својата изјава откако беше избран за менаџер на сезоната, Гвардиола нагласи дека сака да ја сподели со Микел Артета

„Сакам да ја поделам оваа награда со Микел Артета, кој до последниот меч правеше одлични работи со Арсенал. Нè тераше да ги тестираме своите граници. Секако, тука е и Јирген Клоп со кој водев бројни незаборавни битки. Унаи Емери исто така направи големи работи со Астон Вила, а за пофалба е и Андони Ираола од Борнмут. Беше чест да се натпреварувам покрај нив и да го освојам овој трофеј. Ќе се обидеме пак да ја одбраниме титулата и следната сезона“, прокоментира Гвардиола. 

Секако, Гвардиола не може навистина да ја подели наградата, меѓутоа сепак е голем гест што ги пофали своите колеги кои пред сè му се ривали.