• Мартин Танасковски
Светското првенство во фудбал се игра за повеќе од една година, но веќе го имаме првиот тим кој преку квалификациите обезбеди место на светскиот шампионат.
Се работи за Јапонија, која по седум кола не знае за пораз, се наоѓа на лидерското место и со последната победа над Бахреин (2-0) се „чекира“ на Мундијалот. Головите за „самураите“ на мечот ги постигнаа Камада и Кубо во второто полувреме.
- Извештај од натпреварот:
Јапонија е првата земја која ќе игра на СП 2026, а на листата се уште домаќините САД, Канада и Мексико.