Го губиме талентот? Никола Секулов ќе игра на официјален меч за Италија!

Никола Секулов, 16-годишниот македонски фудбалски талент кој настапува за Јувентус, доби повик да биде дел од У17-репрезентацијата на Италија и на еден официјален натпревар.

Секулов требаше да биде лидер во младинскиот погон на „црвено-жолтите“, но не беше дел од последните списоци на македонската репрезентација.

Фудбалерот на Јувентус кој е роден во Пјаченца доби повик да игра за У17-реперзентацијата на Италија на неофицијален меч и ја прифати поканата, а сега, следи и повикот за У17-селекцијата, за пријателскиот меч со Шпанија.

Секако, за во целост да стане член на „аѕурите“ треба да игра на официјален меч за А-тимот, но судејќи по повиците од селекторите, како и пофалбите за игрите од италијанската јавност, нема да е никакво изненадување наскоро Секулов да добие можност и во сениорскиот состав.

Од семејството Секулови претходно истакнаа дека Никола нема да се откаже од националниот дрес на Македонија и се надева дека во иднина ќе се подобрат односите со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за повторно да го облече црвено-жолтиот дрес. Но, како што изгледа, Италија сериозно смета на Секулов, па би можеле да го изгубиме големиот фудбалски талент.