ВИДЕО: Го грабна Агуеро за пенисот, само да го сопре во обидот да даде гол!

Манчестер Сити забележа триумф против Вест Хем во рамки на Премиер лигата, а една необична ситуација се случи во првиот дел кога играч на „чеканите“ ја искористи сета моќ да го сопре Агуеро да постигне гол.

Најдобриот играч на „граѓаните“ имаше добра позиција, но Анџело Огбона беше веднаш позади него и реши да го грабне за пенисот. Аргентинецот падна, судијата не го забележа тој момент, а исто така не сакаше да погледне и ВАР-снимка.

Актуелниот првак на Англија кој е пред детронизација до посакуваните бодови дојде со погодоците на Родри и Де Брајн.