• Иван Димовски
Ждрепката на ФА Купот често носи пресметки на нисколигашите со големи имиња од Англија. Така беше и овојпат бидејќи четвртолигашот Акрингтон Стенли го доби Ливерпул.
Овој натпревар ќе биде посебен за едно момче, Џош Вуд кој е фудбалер на Акрингтон, а исто така и огромен навивач на Ливерпул. Многу симпатично видео се појави на социјалните мрежи бидејќи семејството на Вуд снимаше додека се чекаше ривалот.
Откако Акрингтон го извлече Ливерпул момчето почна да скока и вика одушевено. Џош Вуд потоа го сподели видеото на мрежата „Х“ и напиша: „Соништата се исполнуваат“.
Dreams do come true wow! https://t.co/NV47WxOgC3
— Josh Woods (@_Josh_Woods_) December 2, 2024
Натпреварите од третото коло на ФА купот ќе се играат на 11 или 12 јануари.