Го чекаа трофејот повеќе од половина век: Легендата се пензионира со стил

Легендарниот Лукас Подолски ќе се пензионира со стил! Неговиот Горник го победи Раков со 2-0 во финалето на Купот на Полска и стави крај на „сушата“ од 54 години. Еден од најтрофејните полски клубови не освоил титула во најмасовното национално натпреварување речиси пет и пол децении, а чека трофеј од каков било вид уште од титулата во 1988 година.

Поранешниот германски репрезентативец се врати во својата татковина и од 2021 година играше за клубот од Забже, само 10 километри од Гливице, каде што е роден. Тогаш вети дека за време на неговиот мандат „рударите“ ќе освојат нешто, но не можеше ни да замисли ваков поетски епилог.

„Кога дојдов тука, реков дека за три до пет години ќе имаме нешто во нашите раце. Но, тоа да се случи во мојата е***а последна сезона... Неверојатно е! Купот е наш!“, рече емотивниот 40-годишник обраќајќи им се на навивачите.

На поранешниот играч на Баерн, Арсенал и Интер толку многу му се допадна сè што прави Горник што реши да купи над 8% од акциите и да стане дел од сопственичката структура на клубот. Тоа му обезбеди на тимот од југот излез во Европа, бидејќи трофејот од Купот носи пласман во третото коло од квалификациите за Лига Европа.