Го бараше Барселона, но хрватскиот ветеран го продолжи договорот со ПСВ

И покрај шпекулациите за интерес од Барселона, искусниот хрватски репрезентативец Иван Перишиќ (36) го продолжи договорот со ПСВ до 2027 година. Холандскиот шампион ја објави веста со видео на социјалните мрежи и порачa: „Не само играч – ремек-дело“.

Перишиќ беше еден од клучните играчи во минатата сезона одигра 35 натпревари, постигна 16 гола и запиша 11 асистенции. Во мај беше двапати прогласен за играч на натпреварот, а со хет-трик против Фортуна Ситард стана највозрасниот фудбалер во историјата на ПСВ кој постигнал три гола на еден лигашки меч.

ПСВ до титулата стигна во драматична завршница, кога во последните четири кола славеше над Фортуна, Феенорд, Хераклес и Спарта Ротердам, додека Ајакс испушти предност од девет бода.