• Горан Упале
„Црната“ сабота во Кочани одзеде голем број млади луѓе. Како последица на пожарот во дискотека починаа 59 лица, а меѓу нив имаше и тројца македонски спортисти. Фудбалерот Андреј Лазаров беше гостин таа ноќ во дискотеката во Кочани и за жал им подлегна на повредите.
Во својата фудбалска кариера Лазаров меѓу другото го носеше и дресот на Горица од Хрватска, која прво изрази сочувство и се прости од фудбалерот, а денес отвори книга на жалост и ги повика фановите да се запишат.
„На Градскиот стадион „Велика Горица“ отворена е Книга жалост за драгиот Андреј Лазаров, нашиот поранешен играч, кој прерано го напушти овој свет...
Сите кои сакаат да се запишат во Книгата на жалите, можат да го направат тоа од денес до четврток, дваесетти март, на источниот влез на стадионот“, стои во објавата клубот.
Младиот кочанчанец оваа сезона беше дел од Шкупи, а низ кариерата играше уште за Рудеж од Хрватска, како и за Тиквеш, Работнички и Металург.