ВИДЕО: Гневните навивачи на ПСВ фрлаа со монети, еден ја погоди главата на Тадиќ

Тадиќ

Душан Тадиќ, капитенот на Ајакс, беше дел од инцидент на крајот од дербито со ПСВ Ајндховен.

Србинот го постигна пеналот за реми во Ајндховен, а потоа одговори на провокациите и тргна да го бара Дензел Дамфрајс. По мечот фудбалерот на „копјаниците“ испрати порака до сите оние кои ќе се осмелат да ги провоцираат Србите.

На излегување од стадионот Тадиќ наиде на жесток пречек од домашните навивачи. Тие започнаа да викаат и да фрлаат по него, а еден од нив го погоди со монета во главата.

Ајакс остана на врвот на табелата во Ередивизие, со шест бода и натпревар помалку во однос на второпласираниот ПСВ.