ВИДЕО: Глупоста на Куртоа подари пенал, „кралевите“ се сопнаа со Виљареал

Реал Мадрид направи чекор назад во битката за врвот во Примера, откако како гостин одигра реми (1-1) со екипата на Виљареал, во еден супер-досаден натпревар без многу шанси и атрактивни потези.

  • Извештај од натпреварот:

Првото дерби на денот во Примера не понуди премногу убавина. Се на се, двата тима шутнаа само двапати во рамки на головите и постигнаа два гола. Обидот на Реал Мадрид беше од игра, додека Виљареал тоа го направи од пенал.

А, стартот на средбата не наговестуваше такво нешто, затоа што Реал Мадрид поведе уште во 2. минута од мечот. Мариано ја оправда довербата која му ја даде Зидан како замена за повредениот Карим Бензема, па донесе предност за „кралевите“ по асистенција на Карвахал.

До крајот на полувремето немаше сериозни шанси и на двете страни, а Виљареал успеа да изедначи во 76. минута благодарение на глупост на Тибо Куртоа. Белгиецот излета од голот и се впушти во нозете на нововлезениот Чуквуедѕе, а тоа во погодок го претвори Морено, за конечни 1-1.

Реал Мадрид на табелата останува на четвртото место со 17 бода, три помалку од лидерот Реал Сосиедад. Виљареал, пак, е второпласиран со 19 бода.