• Иван Димовски
Екипата на Бетис се радува во дербито во трката за Европа против Атлетик Билбао со 3-1 (2-1), во рамките на 26. коло на шпанската Примера. Средбата која се одигра на „Бенито Виљамарин“ понуди доста возбудувања и многу голема победа за домаќинот кој се искачи на шестата позиција и сега има седум бода помалку од денешниот ривал.
- Бетис - Атлетик Билбао 3-1:
Резултатот го отвори Авиља по 13. минути игра, за потоа во 38. со автогол на Берчиче да се удвои предноста на Бетис. Следеше голема глупост на Нико Вилијамс кој доби жолт картон поради прекршок, а потоа иронично му аплаудира на судијата за да биде исклучен во рок од 30 секунди.
- Глупавиот потег на Вилијамс:
Nico Williams received two yellow cards in the space of 30 seconds for laughing and clapping at the referee.
Athletic Club are now down to 10 men away from home against Real Betis. pic.twitter.com/0eZvhEAdb4 https://t.co/tUj3R5QmoD
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) February 25, 2024
Во долгото судиско продолжение на 2-1 намали Гурузета. Продолжението донесе и трет погодок за домашната екипа, во 67. минута Џони ги постави конечните 3-1.
Претходно спектакуларен финиш имаше дуелот меѓу Кадиз и Селта, кој заврши со нерешени 2-2 (0-1). Домашната екипа успеа да извлече реми во стотата минута од регуларниот тек на мечот.
- Головите од натпреварот:
#LALIGAHighlights | Cádiz CF 2-2 Celta de Vigo
Watch the highlights of a brilliant game!#LALIGAEASPORTS pic.twitter.com/ab6n9MEBVK
— LALIGA English (@LaLigaEN) February 25, 2024
Селта има за што да жали, поведе со 0-2 преку Аспас и Сведберг, а потоа се опушти. Хуанми намали на 1-2, меѓутоа долго Кадиз бркаше негатива. Течеше десеттата минута од судиското продолжение кога Дарвин Мачис со ефектен погодок донесе реми за својот тим.