ВИДЕО: Глупост на Семедо во 92. минута, Вила во инфаркт финиш ги доби „волците“

Ел Гази

Астон Вила со последниот судиски свиреж запиша три бода на тешкото гостување кај Вулверхемптон (0-1) во 12. коло од Премиер лигата. Трагичар за домашните фудбалери, кои го завршија мечот со десет фудбалери, беше Семедо, кој направи непромислен потег и на ривалот му подари пенал во надополнувањето.

  • Извештај од натпреварот: 

Ако се погледне статистиката, ќе се види дека овие две екипи заслужија по еден бод. Поседот на топка беше речиси ист на двете страни, а тоа беше случајот и со шансите и ударите. Меѓутоа на крај победникот го одлучи едно невнимание и донесе радост за гостите од „Вила Парк“.

Речиси сите удари завршија за малку покрај рамките од двата гола. Во првиот дел прилики пропушти Конса, а погодокот на Мингс беше поништен поради офсајд ситуација. Кај домашните фудбалери најсериозна закана беше онаа на младиот Силва, кој за малку не го изненади Мартинез и не го отвори резултатот на самиот крај од полувремето.

Голманите имаа многу работи и во продолжението. Нивната одлична работа беше виновна за изостанокот на голови. Грубата игра предизвика многу прекини и жолти картони во завршните десет минути. Судијата Мајкл Дин покажа и црвен картон, поради невнимателниот старт на Даглас Луис. Но, и тоа не беше доволно за „волците“ да стекнат победничка предност во финишот. „Волците“ исто така премногу грешеа, а „поцрвене“ и Португалецот Мутињо.

На погодок се чекаше дури до надополнувањето, кога Семедо направи фаул во својот шеснаесетник, кој предизвика реакција кај судијата. Гостите добија најстрога казна и истата ја искористија преку Ел-Гази, за конечни 0-1 и шок за домашниот тим.