• Мартин Танасковски

Репрезентацијата на Нигерија на стартот на второто полувреме ја шокира Аргентина и изедначи од пенал кој главниот судија го досуди по консултација со ВАР-системот (1-1).
Маскерано влечеше противник во шеснаесетникот при еден прекин, а судијата Чакир стана првиот европски судија кој досудил пенал со помош на ВАР на овој Мундијал. Реализатор беше Виктор Мозес, кој погоди лесно во мрежата на дебитантот Армани.
Сега и Нигерија е во сериозна игра за пласман во осминафиналето, затоа што Хрватска води во мечот со Исланд (1-0).