ВИДЕО: Глупост на годината во Кореа - голман од аут асистираше гол на противникот

Голманот на јужнокорејскиот Улсан, Ким Сеун ја направи глупоста на годината во натпреварот против Поханг кој неговиот тим го загуби со 4-1. 

Ким одлучи да изведе аут за својата екипа при негатива од 2-1, а лошо фрлената топка резултираше со погодок во празната мрежа. Овој кикс уште долго ќе го гони голманот од Јужна Кореа, а со овој пораз неговата екипа ја загуби првата позиција на табелата.

  • Киксот на Ким Сеун::