Глишиќ: Трајчевски и Попов кумуваа на трансферот во Докса

Кипарска Докса го доби третиот македонски фудбалер. Дарко Глишиќ потпиша договор и ќе игра во елитниот кипарски фудбал во клуб со Душко Трајчевски и Дамјан Шишковски.

Левиот бек доаѓа од редовите на Шкупи и се очекува да биде големо засилување. Глишиќ изјави дека голем удел во трансферот во Докса имал Душко Трајчевски, а исто така помогнал и некогашниот репрезентативец Горан Попов кој дал добра препорака.

„Ја одбрав Докса благодарение на Душко Трајчевски, кој ме понуди во клубот бидејќи им бил потребен играч на левата бековска позиција. Потоа ме исконтактира и мене, но голема улога заврши и Горан Попов затоа што сопственикот на Докса му се обратил за да го праша за мене. Среќен сум што ќе играм на Кипар, лигата изгледа доста добро и едвај чекам на новиот предизвик во мојата кариера“, ни изјави Глишиќ.

29-годишниот бек освен во македонските тимови Шкупи, Вардар, Скопје, Напредок, Тетекс имаше и интернационално искуство со настапите во Олимпик Сараево, Динамо Тбилиси, Септември Софија и Арда Карџали.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.