Глишиќ и Докса се разделија по само шест месеци соработка

Глишиќ

По само шест месеци соработка, македонскиот интернационалец Дарко Глишиќ и Докса се разделија. 

29-годишниот лев бек замина на Кипар во текот на зимскиот трансфер период. Таму имаше можност да ја дели соблекувалната со уште двајца македонски фудбалери, Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски.

Поранешниот фудбалер на Вардар, Скопје, Напредок, Тетекс и Шкупи ова лето ќе бара нова играчка средина. Тој заминува поради мала минутажа.

Глишиќ е поранешен член на македонската репрезентација, во чиј дрес запиша два настапи.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.