Глик: Сите Македонци во Серија А оставија трага во своите клубови

Против Израел и Летонија, полската фудбалска репрезентација се претстави во солидно, но не перфектно издание. Резултатот е најпозитивната работа од првите 180 минути од квалификациите и сега полскиот националец тим е јасен фаворит за првото место во групата.

Пред дуелот со Македонија утревечер во Скопје, дефанзивецот на Монако, Камил Глик не го криеше оптимизмот и покрај респектот за Пандев и соиграчите.

„Нè изненади доцнењето на авионот, добро е што дознавме во хотелот и чекавме таму, а не на аеродром. Нема да има никакви последици ова минимално доцнење при пристигнувањето во Скопје. Се чувствувам одлично, имав здравствени проблеми, првите денови по собирот не тренирав, но од понеделникот сум максимално на диспозиција на селекторот. 

Последни два натпревари ни дадоа повеќе верба, но не беа идеални. Сакаме да играме на умерена температура, но никој не може да влијае на жештината, секој треба да се приспособи на температурата. Идеално би било да играме по 20 степени целзиусови“, смета искусниот полски одбранбен фудбалер.

Потоа Глик се осврна на анализа на македонскиот национален тим, конкретно на познаниците од Серија А, каде што полскиот горостас настапуваше за Бари и Торино

„Ги познавам сите фудбалери од Македонија кои играат во Италија – Пандев, Трајковски и Несторовски. Сите оставаат трага во своите клубови во Серија А. Македонија има свои шанси во групата, ова е израмнета група и очекувам многу тежок натпревар. Се надевам дека Полска ќе биде една од селекциите кои ќе се квалификува од групата на завршниот турнир. Но, на самиот почеток сме и дури во последното коло работите ќе бидат појасни“, заврши Глик. 

Полска беше дел од последното Европско првенство, каде на пенали во осминафиналето загуби од Португалија, и на последниот Мундијал во Русија, каде не ја мина групната фаза со Сенегал, Јапонија и Колумбија.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 6 4 1 1 8:2 6 13
2 СловенијаСловенија 1 6 3 2 1 12:5 7 11
3 АвстријаАвстрија 1 6 3 1 2 13:6 7 10
4 ИзраелИзраел 6 2 2 2 11:11 0 8
5 МакедонијаМакедонија 6 2 2 2 8:8 0 8
6 ЛетонијаЛетонија 6 0 0 6 1:21 -20 0