• Горан Упале
Шкотскиот фудбалски гигант Глазгов Ренџерс со една нога е во следната фаза од квалификациите од Лигата на шампионите, затоа што во првиот натпревар од третата рунда извојува убедлив триумф на домашен терен над Викторија Плзен од 3-0 (2-0).
На „Ајброкс парк“ домашниот тим поведе уште во петнаесеттата минута, кога Гасама на додавање на Десерс погоди за 1-0. Пред крајот на првото полувреме асистентот на првиот погодок беше сигурен реализатор од единаесет метри и на својот тим му донесе комотни 2-0 на пауза.
Младиот француски напаѓач, кој летово го засили Глазгов од Шефилд Венздеј, својата одлична партија ја круниса со уште еден погодок. Гасама конечните 3-0 ги постави во 51. минута.
Ако триумфот на Глазгов Ренџерс беше за очекување, во Лублин, екипата на Пафос приреди големо изненадување и извојува победа над Динамо Киев со 0-1. Во малиот полски град шампионот на Кипар му зададе голем удар на фаворизираниот противник од Украина и со голот на Андерсон Силва си обезбеди минимална предноста за реваншот пред својата публика.
Вечерва се одиграа уште два натпревари во квалификациите за Лигата на шампионите. Шкендија пред својата публика во Скопје загуби од Карабах со 0-1, додека скандинавското дерби меѓу Малме и Копенхаген заврши без победник (0-0).



