• Иван Димовски
Фудбалерите на Бенфика одлично го отворија мечот во Белград против Црвена Звезда и по половина час имаа двојна предност (0-2).
Вистинска мајсторија беше вториот погодок во мрежата на голманот Омри Глазер кој беше гледач повеќе при слободниот удар на Оркун Кокчу. 23-годишниот турски фудбалер перфектно биеше во голманската страна и ја удвои предноста која ја постави неговиот сонародник Актуркоглу.
Сепак, вреди да се напомене дека доколку Глазер подобро ја затвореше својата страна и не беше лошо поставен, потешко сценарио ќе беше Кокчу да погоди.