Главоболки за Оле: Против Лестер без Погба и Марсиал, а неизвесни се и...

Проблемите на Оле Гунер Солскјер, менаџерот на Манчестер Јунајтед немаат крај, откако по лошите резултати на стартот од сезоната се соочува и со голем број на повредени фудбалери. 

Во рамки под петтото коло на Премиер лигата, „ѓаволите“ ги очекува дуел со опасниот Лестер Сити, а за овој дуел норвешкиот стратег нема да може да смета на Пол Погба, Диого Далот, Лук Шо и Ентони Марсиал, а неизвесни се и Арон Ван Бисака и Џеси Лингард. 

„Погба не тренираше под полн интензитет. Според ситуацијата тој нема да биде фит за овој дуел, освен ако не се случи некое чудо“, рече Оле. 

Во првите четири кола Јунајтед забележа само еден триумф и тоа во дербито со Челзи, за потоа да ремизира со Вулврхемптон и Саутемптон, а загуби од Кристал Палас.