ВИДЕО: Главоболки за Милан и Гатузо – се повреди Донарума!  

Фудбалерите на Милан играат одличен натпревар пред своите гледачи против Удинезе и по првите 45 минути имаат предност од 1-0. 

Сепак, и покрај допадливиот фудбал и заслуженото водство, кај навивачите на миланскиот клуб постои голема загрижаност заради повредата на првиот голман Џиџо Донарума. Уште во 12. минута младиот голман при едно исфрлување на топката се пожали на болки на задната ложа и беше проморан предвреме да го напушти мечот и да му отстапи место на искусниот Пепе Реина

Стрелец на погодокот на миланезите и зимското засилување, Пјонтек, кој стрелаше во 44. минута.