Главоболки и за Почетино, Навас поради повреда заменет со Стразбур

ПСЖ ќе го дочека десеткуваниот Баерн Минхен во реваншот на четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако во Германија победи со 2-3. 

Покрај проблемите на баварците, сега се појави еден и во таборот на парижани. На полувремето во мечот со Стразбур од Лига 1, се повреди и беше заменет голманот Кејлор Навас кој беше еден од најдобрите со херојските одбрани во Минхен. 

Костариканецот бранеше до паузата, а потоа на терен беше испратен Серхио Рико. Доколку Навас не може да биде спремен до реваншот, тоа ќе биде голем хендикеп за ПСЖ. Покрај Костариканецот, за парижани нема да играат Курзава, Верати и Маркињос, додека кај Баерн листата е подолга и нема да ги има Левандовски, Горецка, Гнабри, Хернандес и веројатно Коман.