Главниот стопер на Косово станува соиграч на Ељиф Елмас!?

Еден од најугледните италијански новинари Џанлука Ди Марцио јавува дека Наполи ќе го презентира Амир Рахмани како ново засилување. Играчот се очекува да пристигне во Неапол и да стави потпис на договорот, но ќе се врати во Верона на позајмица до крајот на сезоната. 

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб игра на позицијата стопер, а е репрезентативец на Косово се очекува да настапи на арената „Тодор Проески“ против Македонија во плеј-офот од Лигата на нациите. 

25-годишникот се развиваше во Хрватска, поточно во екипата на Сплит, па загрепските екипи Локомотива и Динамо, од каде за два милиони евра премина во Верона. Сè уште нема информации која сума ќе мора „партенопеите“ да ја издвојат за косовскиот фудбалер. 

Освен Рахмани, во Неапол се очекува да пристигне и Станислав Лоботка од Селта, со што ќе започне реконструкцијата на тимот за Гатузо. Според најавите, повеќе играчи ќе го напуштат клубот, по скандалот со напуштањето на карантинот.