Гласините се сè погласни, Рамос е пред заминување од Реал Мадрид

Шпанските медиуми одново ги разбудија шпекулациите за заминувањето на Серхио Рамос од Реал Мадрид. Иако капитенот на „кралевите“ јасно ја покажува љубовта кон клубот, засега нема најави дека тој или претседателот Флорентино Перез ќе попуштат во преговорите. 

Новинарот Жоzеп Педрерол од „Ел Чирингуито“ зборуваше за плановите на Реал околу останувањето на Рамос. Договорот на стоперот истекува во јуни, Рамос сака нов богат договор, бидејќи сè уште игра на врвно ниво, но Перез има политика според која не дава „богатство“ на ветерани. 

Рамос е играчка легенда на клубот, досега одигра 469 натпревари и даде 72 погодоци, иако е стопер. Многу пати Шпанецот бил клучен играч на „кралевите“, како во одбраната, така и во завршниот дел од нападите. 

Капитенот не сака со него клубот да се однесува како со било кој играч, па затоа очекува или богат договор или да замине. За него интерес има од голем број клубови, иако има 35 години. На врвот на листата се наоѓаат екипите од Манчестер и ПСЖ, а за него заинтересирани и многу други.