Ѓуровски: Се надеваме на кикс на Партизан

Бошко Ѓуровски, некогашниот македонски селектор и сегашен предводник на Црвена  Звезда по вчерашната деби-победа над Младост (4-1) истакна дека се надева на кикс на Партизан кој може да биде доволен за шампионската титула на „црвено-белите“. 

„Одигравме перфектен натпревар, задоволен сум и од играта и до резултатот. Доколку продолжиме со ваквата игра не гледам противник кој ќе ни откине бод. Се надевам дека Партизан ќе киксне, но најважно е да ги победиме сите натпревари и да бидеме подготвени за Куп-финалето. Видовте дека Партизан имаше тежок меч, извојува тесна победа, па сè е можно до крајот на сезоната“, вели Ѓуровски. 

До крајот на сезоната во српскиот шампионат преостануваат уште две кола, а Црвена Звезда заостанува три бода во однос на градскиот ривал, Партизан.