ВИДЕО: Ѓуровски двоен стрелец во неверојатниот пресврт на Бангкок Јунајтед

Македонскиот интернационалец Марио Ѓуровски по преселбата во Бангкок Јунајтед ги постигна првите два погодоци во неверојатниот пресврт во дуелот против Арми Јунајтед, кој што клубот од престолнината на Тајланд го доби со 4-3.

Имено Арми Јунајтед до 84 минута имаше предност од 3-1 и се чинеше дека сигурно ја има победата во свои раци, но така не мислеа фудбалерите на Бангкок Јунајтед. Токму поранешниот наш репрезентативец беше творец на овој несекојдневен подвиг, откако најнапред во 52. минута „стрелаше“ за 1-1, а во 86. минута со својот втор погодок на мечот донесе ново израмнување (3-3).

Во самиот финиш, во 90. минута клубот на нашиот интернационалец дојде до победата од 4-3 со голот на Бошковиќ.