• Сашо Поповски
Поранешниот македонски фудбалер Бошко Ѓуровски доби нова улога во екипата на Графичар од Белград. 59-годишникот ќе престане да ја извршува тренерската функција и ќе застане на потпретседателското место на српскиот второлигаш.
На местото на Ѓуровски ќе застане Марко Неџиќ, кој досега ја извршуваше тренерската работа во младинската екипа на Црвена Звезда.
Македонската фудбалска легенда ќе се грижи за младите фудбалери и ќе го подобрува нивниот развој, а исто така ќе биде задолжен и за координација со младинската школа на Црвена звезда, што се очекува да ја подигне соработката меѓу двата клуба на уште повисоко ниво.
Прославениот играч застана на чело на Графичар во март оваа година, кога пристигна на местото на Радомир Коковиќ.