• Мартин Танасковски
Српскиот фудбалер Дејан Ѓуриќ е еден од ретките странци од ланската сезона кои останаа во Вардар. Како најава за новата сезона, стоперот даде коментар на актуелната ситуација која доста ја пофали, а за првиот натпревар со Брера сака три бода од Струмица.
„Условите се многу подобри, мислам дека овие услови што ги нуди Вардар ги нема во ниту една екипа во македонскиот фудбал. Навистина европски услови, и база, и терен и опрема и се што нуди овој клуб е навистина на високо ниво. За разлика од лани, условите се подобри. Се среди ситуацијата, но и минатата сезона беше добро, игравме и се боревме за овој клуб, а кога играш во овој клуб мораш да се бориш за овој грб и за овие бои. Мислам дека сме спремни за првиот натпревар од новата сезона. Се надевам дека ќе донесеме три бода во Скопје“, изјави Ѓуриќ.
Натпреварот меѓу Брера Струмица и Вардар се игра во недела од 20:00 часот под рефлектори на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.