ВИДЕО: Ѓуриќ правеше чуда, но Вардар запиша три бода против Ренова

Екипата на Вардар запиша уште една посакувана победа на домашен терен и на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари сигурно славеше над Ренова (2-0).

„Гипсарите“ на овој натпревар имаа фантастичен голман, во Урош Ѓуриќ, кој бранеше одлично, но тимот немаше сила да го избегне поразот од разиграните вардарци. Со овој триумф, избраниците на Васоски се доближија до Европа уште поблиску и до заверка на второто место, поради поразот на Академија Пандев во градското дерби со Беласица. За Вардар ова беше и реванш за претходниот пораз во Тетово во меѓусебниот дуел, посебно болен за вицепрвакот (0-4).

Што се однесува до натпреварот, прв со иницијативата почна Вардар. Резултатот на мечот во Маџари се отвори во 45. минута, кога погоди Филип Најдовски. На стартот на вториот дел, Ренова направи двојна измена, но и тоа не помогна, затоа што во 50. минута, Жуниор влезе во шеснаесетникот и со силен шут по земја ги постави конечните 2-0. Вардар можеше да победи и поубедливо, да не беше голманот Ѓуриќ, кој забележа неколку супер-интервенции во второто полувреме.

За Вардар ова е прва победа во последните четири кола, по три ремија во низа. Ренова, пак, го доживеа третиот пораз во серија. Во наредното коло „црвено-црните“ гостуваат кај Македонија ЃП, додека Ренова ќе биде домаќин на Силекс.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 35 24 7 4 78:26 52 79
2 ВардарВардар 35 17 12 6 44:22 22 63
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 35 17 6 12 44:34 10 57
4 РаботничкиРаботнички 2 35 13 7 15 42:47 -5 46
5 ШкупиШкупи 1 35 12 9 14 38:41 -3 45
6 РеноваРенова 1 35 11 11 13 50:47 3 44
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 35 11 11 13 42:49 -7 44
8 СилексСилекс 35 10 11 14 25:38 -13 41
9 БеласицаБеласица 35 9 11 15 36:47 -11 38
10 ПобедаПобеда 35 6 5 24 25:73 -48 23