Ѓурѓевиќ со два гола му донесе триумф на Работнички над Тетекс

По ремито со по еден постигнат гол против Борец, екипата на Работнички на својот втор зимски тест ја запиша првата победа. 

Момците на Александар Влахо можеби потешко од очекуваното славеа над второлигашот Тетекс со 2-0, откако тетовскиот тим долго време одолеваше на нападите на фаворизираните „романтирачи“, но во самиот финиш попушти и прими два гола. 

Човек на одлука за Работнички беше  Фахрудин Ѓурѓевиќ кој во 72. минута го отвори резултатот, а пред самиот крај на натпреварот со нов гол ја потврди победата на својот тим.

До крајот на подготовките Работнички ќе тестира уште со Ренова, Струга Трим Љум, Пелистер и Тиквеш.