Ѓунеш се предомисли, Барди пак ќе заигра за Трабзонспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, повторно може да заигра за Трабзонспор. Турските медиуми утрово објавија дека тренерот поранешниот турски првак, Шенол Ѓунеш, по натпреварот со Касимпаша, ја прогласил сезоната за загубена. Ѓунеш ќе се обиде да го разбуди тимот со тоа што ќе врати четворица фудбалери и ќе испрати ист број од сегашниот тим надвор од составот.

Енис Барди, кој кон средината на ноември беше отстранет од првиот тим за да тренира одделно и да ја подобри формата, ќе се приклучи на првиот тим заедно со Хрватот Мислав Оршиќ, суринамскиот дефанзивец Стефано Денсвил, турскиот напаѓач Умут Бозок.

По ремито со Кашимпаша, екипата на Трабзонспор се наоѓа на единаесеттото место во турската Суперлига со 15 бода.