Ѓунеш: Ги знаеме слабостите на Италијанците, можеме да ги победиме

По изненадувачки добрите квалификации, Турција се наоѓа пред најголемиот испит по враќањето на Шенол Ѓунеш на клупата. Гостувањето во Рим против Италија е перфектна можност Турците на Европа да му го покажат новиот бран на нивни ѕвезди.

Ѓунеш на прес-конференцијата во Рим изјави: 

„Манчини работеше во Галатасарај и имаше многу одлични фудбалери во екипата. Можеби не сме фаворити, но сонувам да играме двапати против Италија на турнирот. Зошто да не играме финале против „аѕурите“. Ги знаеме сите слабости во на италијанската репрезентација. Верувам дека можеме да победиме. Првиот и последниот натпревар во групната фаза се најважни“.

Холанѓанецот Мекели е делегиран од УЕФА да го води првиот натпревар на шампионатот.