ВИДЕО: Ѓулер даде гол од ШЕЕСЕТ метри, Реал сигурен против Елче!

Реал Мадрид ја продолжи потерата по лидерот Барселона, откако на „Бернабеу“ го совлада Елче со убедливи 4-1 во 28. коло од Примера.

  • Извештај од натпреварот:

Реал долго време не можеше да го пробие отпорот на гостите, но во 39. минута Антонио Рудигер со силен волеј донесе водство од 1-0. Само пет минути подоцна Федерико Валверде постигна прекрасен гол од дистанца и ја зголеми предноста на 2-0.Во второто полувреме мадридскиот тим рутински ја контролираше играта. Младиот Даниел Јанез асистираше, а дефанзивецот Дин Хујсен со глава погоди за 3-0 во 66. минута.

Елче намали во финишот по автоголот на Моран Ибањез во 85. минута, но последниот збор го имаше Арда Ѓулер. Турскиот талент во 89. минута постигна спектакуларен гол од повеќе од 60 метри и ги постави конечните 4-1.

„Кралевите“ сега имаат 66 бода и се на второто место, само еден зад Барселона која има и натпревар помалку. Елче, пак, ја продолжи негативната серија без победа и останува во опасната зона со 26 бода на 17. позиција.