Ѓорѓиевски со два гола против Шкендија се прости од Силекс: Тоа беше мојот последен „танц“!

Македонскиот напаѓач, Марко Ѓорѓиевски, беше клучна фигура во сигурната победа на Силекс на гостувањето кај Шкендија од 1-3. 

Со овие два гола Ѓорѓиевски го стигна Бесарт Ибрими и двајцата завршија на врвот во листата на стрелците во сезоната во ПМФЛ. По средбата во Тетово некогашниот младински репрезентативец откри дека го напушта Силекс ова лето.

„Ова беше последен „танц“, последни два гола и последен натпревар за Силекс“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Силекс беше третиот македонски клуб на 25-годишниот фудбалер, откако претходно по една сезона настапуваше за Брера и Шкупи.