Ѓорѓиевски го „испрати“ Алиоски во КЛ, Станковски и Раднички елиминирани од Европа

Во македонскиот дуел од квалификациите за Лигата на Европа, помладиот Марко Ѓорѓиевски го „испрати“ повозрасниот Езџан Алиоски во Конференциската лига. Екипата на Клуж пред својата публика извојува минимална победа над Лозана од 1-0 и се пласираше во третото коло во ЛЕ.

Патникот во следната фаза беше решен дури во судиското надополнување, откако по 180+ минути немаше голови. Мразот го скрши и Синјан со погодок во шестата минута од првото продолжение. Ѓорѓиевски одигра само десеттина минути, додека Алиоски беше стартер и играше до 112 минута.

Раднички Крагујевац ги заврши своите настапи во Конференциската лига, откако во Фарски Острови загуби од Клаксвик со минимални 1-0. На првиот натпревар во Србија беше 0-0. Македонскиот фудбалер Лука Станковски натпреварот го заврши од клупата за резерви и шанса доби во 69. минута, но не успеа да му помогне на својот тим да стигне до позитивен резултат.  

Белградски Партизан без поголеми проблеми славеше уште една победа над Олександрија од Украина и остана во битката за групна фаза во Конференциската лига. Вечерва, „црно-белите“ славеа со убедливи 4-0.