Ѓорѓиевски е „џокерот“ на Вождовац, само што влезе погоди за победа над Јавор

Македонскиот репрезентативец до 21 година, Марко Ѓорѓиевски, продолжува со одличната форма и вечерва му донесе значајна победа на Вождовац на гостински терен против Јавор. 

Младиот офанзивец беше џокерот на Вождовац на овој натпревар, затоа што само што влезе во игра, во 58. минута, веднаш се најде во гол-шанса која ја искористи и ги постави конечните 1-2. 

На  Ѓорѓиевски денешниот гол против Јавор беше негов втор овосезонски во дресот на Вождовац во најсилниот српски шампионат.