ВИДЕО: Ѓорѓиевски донесе три бода за Борец, Брегалница со „петка“ за Тиквеш

Екипата на Борец од Велес запиша посакувани три бода во новото 23. коло од Втората лига - Исток и на домашен терен со 2-0 (0-0) славеше над Кожуф Гевгелија.

Домашните важеа за фаворити на хартија и ја продолжија битката за влез во елитата. Двата гола ги постигна Марко Ѓорѓиевски во 58. и 70. минута од мечот.

Брегалница, пак, беше сигурна на домашен терен и со 5-0 (2-0) беше подобра од Тиквеш Кавадарци. Искусниот Ристе Наумов со два гола во првото полувреме донесе сигурна предност, а потоа погодија и Михаил Маневски, Стефан Мишев и Иван Митров.

Плачковица на домашен терен беше подобра од Осогово и го совлада со 3-2, додека на последниот меч, Каменица Саса очекувано се справи со Победа Валандово и ја совлада со 3-0. Слободен тим ова коло е лидерот Беласица.