Ѓорѓиев: Сакам европски гол за историски успех на Силекс

Пепи Ѓоргиев ќе биде главниот адут во нападот на Силекс на натпреварот против Дрита во квалификациите за Лигата на Европа. Најистурениот голгетер сака да стрела во мрежата на косовците и да донесе успех за кратовчани.

„Ние како Силекс на натпреварот со Дрита можам да ветам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Имаме шанси да ги минеме, шансите на овој меч се 50-50. Би сакал да одиграм добро, ако ми се укаже шанса да постигнам гол за нашиот Силекс да оди понатаму“, изјави Ѓорѓиев за ТВ Сител.

Силекс има историска шанса да оствари најдобар резултат во историјата на европските натпревари. Кратовчани досега ниту еднаш немале три европски меча во едно лето. Дуелот меѓу Силекс и Дрита се игра в четврток од 20:00 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.