• Мартин Танасковски
Српскиот суперлигаш Земун го реши прашањето околу шефот на стручниот штаб, откако довербата му ја укажа на македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов, пренесува „Меридијан спорт“.
41-годишниот тренер ќе го наследи Милан Куљиќ на клупата на клубот од Горња Варош и ќе има задача да го извлече тимот од резултатската криза.
Мојсов во српскиот фудбал доаѓа по неколкугодишна работа во Македонија, каде што беше дел од стручниот штаб на Тиквеш.
Во кавадаречкиот клуб пристигна во јули 2021 година како помошник на Влатко Костов и Пане Блажевски, а во септември 2022 година ја презеде улогата на прв тренер.
На клупата на Тиквеш остана до крајот на октомври минатата година, го водеше тимот на 104 официјални натпревари со просек од 1,20 освоени бодови по натпревар.
