• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев успеа да се запише во листата на стрелците на натпреварот за швајцарски Грасхоперс.
Грасхоперс на домашен терен како голем фаворит славеше над Киасо (3-2), а Ѓорѓев ја најави убедливата победа со погодок во шестата минута. Македонецот доби топка во казнениот простор од Аригони и биеше во празната мрежа.
- Голот на Ѓорѓев против Киасо:
Грасхоперс е на второто место во швајцарската Челинџ лига и е еден од фаворитите за кам-бек во елитното друштво во Швајцарија.