Ѓорѓев повторно во продолжението погоди за Грасхоперс и го одведе во следната фаза од Купот

Македонскиот фудбалски репрезнтативец Никола Ѓорѓев продолжува со одличната гол-форма на стартот од сезоната откако стрелаше повторно за Грасхоперс во Купот на Швајцарија.

Грасхоперс во првото коло од Купот на Швајцарија силите ги одмери со нисколигашот Олд Бојс, кој му зададе доста маки откако мечот заврши нерешено со резултат од 0-0. Сепак прволигашот на крај славеше со 0-2, а стрелец на вториот гол во 120. минута беше Никола Ѓорѓев.

Младиот 18-годишен фудбалер се чини се специјализира за голови во последните моменти, откако претходно го однесе Грасхоперс во плеј-офот од Лига Европа сo гол и асистанција за 3-3 во реваншот на Кипар против Аполон.

ПОВРЗАНО >> Ѓорѓев со асистенција и гол го спаси Грасхоперс