• Горан Упале
Повремениот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев продолжува со фантастичните игри во дресот на Грасхоперс по продолжувањето на шампионатот во Швајцарија.
Младиот офанзивец одличната форма ја потврди на вечерашниот дуел Лаусан и го постигна својот петти погодок на последните шест натпревари.
Грасхоперс извојува убедлива победа од 4-0, а нашиот фудбалер во листата на стрелците се запиша по само 23 минути, откако влезе во игра на својот тим му донесе предност од 3-0.
Формата на 22-годишниот крилен напаѓач несомнено ја радува македонската фудбалска јавност, а пред сè селекторот Игор Ангеловски, кој во услугите на Ѓорѓев може да добие дополнителна опција во нападот на репрезентацијата.