Ѓорѓев игра во супер-форма, асистира и даде гол во две минути

Македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев покажа дека игра во супер-форма и иако од Грасхоперс доби 25 минути на терен, максимално ги оправда во триумфот против Ксамакс (3-0).

Лидерот на табелата дома си ја оправда улогата, а Ѓорѓев влезе на терен во 68. минута на местото на Пушиќ. Македонското крило асистираше во 91. минута до Ронан за зголемување на предноста од 2-0, а потоа, во 93. минута се запиша во листата на стрелци.

23-годишниот Ѓорѓев е стандарден во редовите на Грасхоперс и оваа сезона во швајцарската Челинџ лига има 11 настапи на кои даде два гола и има уште четири асистенции.

Грасхоперс е апсолутен лидер на табелата и е главен кандидат за влез во елитното друштво.