Ѓорѓев дел од „дрим-тимот“ на сезоната во швајцарската втора лига

Повремениот македонски репрезентативец Никола Ѓорѓев одигра фантастична сезона во дресот на Грасхоперс и беше еден од најзаслужните фудбалери за големиот успех и враќањето на тимот во швајцарската фудбалска елита.

23-годишниот офанзивец беше незаменлив во дресот на тимот од Цирих, а своите одлични партии му донесоа и индивидуално признание. Ѓорѓев доби место во дрим-тимот на сезоната во втората швајцарска лига, каде имаше место за уште петмина негови соиграчи.

  • Тимот на сезоната во Втората швајцарска лига:

Поранешниот младински репрезентатативец, кој има настапи и за А-репрезентацијата на нашата земја, ги одигра сите 36 натпревари за Грасхоперс оваа сезона, постигна седум погодоци и запиша девет асистенции. Тој потекнува од академијата на Грасхоперс и е почитуван во својот клуб, па следната сезона со него ќе настапува во елитното друштво на швајцарскиот фудбал.