Ѓорѓе Стојчев ја доби довербата да ја води Академија Пандев

Екипата на Академија Пандев нема да носи нов тренер, туку екипата ќе продолжи да ја води човекот кој беше асистент на претходните тројца тренери.

Ѓорге Стојчев е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Академија Пандев. Раководството на клубот одлучи дека Стојчев е најдоброто решение за тренер на сениорскиот тим и ја има целосната доверба од сите во клубот.

Стојчев е дел од Академија Пандев од самото формирање, најпрво како тренер во младинските категории, а од пред три сезони и како асистент тренер во сениорскиот тим каде соработуваше со Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Александар Васоски.

„Пандевци“ се наоѓаат на второто место во ПМФЛ по есенската полусезона и до крајот е желба за излез во Европа.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк