• Горан Упале
Брера Струмица со голема победа ја стартуваше новата сезона во ПМФЛ. Во дербито на првото коло струмичани со 3-1 го совладаа Вардар под рефлекторите на „Благој Истатов“.
По натпреварот новиот капитен Мартин Ѓоргиевски им честита на соиграчите за борбеноста и храбрата игра и посака уште многу вакви победи во сезоната.
„Сакам да им честитам на соиграчите за храброста и борбеноста. На крај мислам дека победата е заслужена. Имавме и други шанси, но не ги искористивме.
Започнавме со победа, се надевам ќе продолжиме така“, изјави капитенот на Брера.
Следен предизвик на струмичани ќе биде гостување кај Силекс во Кратово, додека Вардар го игра големото дерби против Пелистер.