ВИДЕО: Ѓоргиевски ја прекина „сушата“ на Македонија У21 по 300 минути!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година успеа да го прекине голгетерскиот пост и постигна погодок во мрежа на ривал по над 300 минути.

Последниот гол У21-тимот го даде против Шведска во Битола, тоа беше додека се играше 12. минута, а од тој момент па до сега, немаше гол на мечевите со Полска и Италија. Пред финишот на првиот дел со Ерменците, се стави крај на сушата.

Димитар Данев од Вардар изнуди пенал во шеснаесетникот, а одговорноста од белата точка пред крајот на првиот дел ја презема Мартин Ѓоргиевски, кој влезе на терен по повреда на наш играч и успеа да реализира.