• Горан Упале

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на Томаш Махач за неговата фантастична партија во првото коло на турнирот во Дубаи. Првиот рекет на светот извојува тешка победа по три сета (6-3, 3-6, 7-6/1) и со тоа се пласира во второто коло во еден од неговите најомилени турнири од 500 серијата.
„Томаш не играше како 130. тенисер на светот. Играше фантастично и заслужи голем аплауз. Ми правеше проблеми, но кога беше важно ја најдов вистинската брзина“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во текот на вториот сет мораше да посегне по лекови.
„Физички секогаш може подобро. Барам од себе највисоки стандарди, квалитет на тенис, подготовки. Се мачев со повреда, ми требаше време. Не играв многу тенис пред Дубаи. Се надевам дека како турнирот напредува, ќе го подобрам моето ниво на тенис“, додаде Србинот.
Првиот носител во следното коло ќе се сретне со Талон Грикспор од Холандија.