• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков ќе менува клуб оваа зима и како нова дестинација се споменува романска Крајова, од страна на „Фанатик“ од Романија.
Дефанзивецот првиот дел од сезоната го мина во украинска Ворскла, но заминува по нов предизвик. Се очекува Зајков и Крајова да ја официјализираат соработката наскоро и тој да биде претставен.
Дека доаѓа нов играч, потврдија и од клубот, меѓутоа не објавија дали се работи за Зајков. Македонскиот стопер вреди 600.000 евра според „Трансфермаркт“, а зад своето име има 22 меча во дресот на Македонија.
27-годишникот покрај за Ворскла во кариерата играше и за Славија Софија, Левски, Шарлроа, Б-тимот на Рен и Работнички.